Цената на гасот во Европа надмина 1.200 долари

Цените на придорниот гас на пазарите во Европа се зголемиле за речиси 20 отсто, надминувајќи 1.200 долари за илјада кубни метри споед податоците од лондонскиот пазар ICE Futures.

Така, јунските фјучерси според индексот на најголемиот европски гасен јазол холаднски TTF поскапуваат од самото отворање на тргувањето во четвртокот. Во претпладневното тргување цената изнесуваше 1.085,8 долари, односно порасна за 6,4 осто во однос на 1.020,7 долари за колку што се тргуваше во средата. Потоа темпото на раст забрза и котирањата достигнаа до 1,233,9 долари, односно за 20,9 отсто.

Цените на гасот во Европа по кусото затишје повторно започлнаа со остар скок веднап по почетокот на руската воена интервенција во Украина, поттикнати од стравувањата поради безбедноста на испораките и особено поради санкциите на САД и ЕУ насочени на руските енергенси. Така, на 23-ти феваури, ден пред почетокот на руската офанзива цената на најбилиските термински договори изнесуваше 1.038,6 долари за илјад кубни метри, а веднаш следниот ден скокна за 50 отсто, до 1.555,5 долари. На почетокот од март четири дена со ред цените на гасот ги обновија своите историски рекорди поради стравувањата за претстојните забрани за купување на енергенси од Русија.

Рекордот од 3.892 долари беше забележан на 7-ми март во еден момент со раст од 275 отсто во однос на нивотпо од 23-ти февруари, а цената на порамнувањето на крајот од тргувањето изнесуваше 2.560,7 долари, односно раст од 146,5 отсто. Потоа во следните два месеца цената беше во постојан пад до 25-ти април на 1.027,1 долари за илјади кубни метри, односно пад од 1,1 отсто во однос на 23-ти февраури, но следеше повторен раст. Новиот скок беше поврзан со прекинот на испораките на „Газпром“ за Полска и за Бугарија, поради нивното одбивање рускиот гас да го плаќаат во рубљи. Забележлив разт имапе и на 10-ти мај кога укранскиот оператпор ОГТС Украина објави дека од 11-ти мај го прекинува транзитот на рускиот гас за Европа преку јазолот Сохрановка,.