Цената на гасот во Европа проби нов рекорд – 1.300 долари

Цената на природниот гас во Европа на отворањето на тргувањето во вторникот првпат во историјата ја надмина бариерата од 1.300 американски долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од специјализираната берза ICE Futures.

Фјучерсите за испораките на гас во Европа растат меѓу 8 и 13 отсто од пресметковната цена на затворањето на тргувањето во понеделникот, и во текот на претпладневното тргување во вторникот цените на термински договори за испораки достигнаа историски рекордна вреднсот од над 1.300 американски долар.

Динамиката на вредноста се пресметува од цената за порамнување од претходниот трговски ден. Понеделничкото тргување беше затворено со 1.156,3 долари за илјада кубни метри гас.

Максимумот на отворањето на трговскиот ден изнесуваше 1.228,8 долари за илјада кубни метри гас, а подоцна енеренсто ја проби границата од 1.303 долари.

Цената на гасот на европскиот пазар има тренд на голем раст. На почетокот од август со порачките за испорака на енергенсот се тргуваше по 515 долари за илјада кубни метри, четири седмици подоцна скокна на 614 долари а до крајот на септември се зголеми речиси двократно.

Според експертите, европскиот пазар на природен гас во првата половина од годината се соочи со одлив на течен природен гас (LNG) на азиско-пацифичкиот и јужноамериканскиот пазар, чиј удел во увозот падна од 41,5 на 31 отсто. Кличински испораките на LNG во Европа во истиот период паднаа за 10,74 милијарди кубни метри или за 15,9 отсто.

Истовремено, ваквата ситуација се должи и на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Од Москва повеќепати со податоци посочија дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас и оти компанијата и покрај тоа што речиси го достигнала рекордните количества на испораките, не може да го впумпа енергенсот во гасоводите пред тој да биде продаден, како и дека за испораките е потребен извесен период.