Цената на мајските фјучерси на американската WTI (West Texas Intermediate) на фјучерсите на нафтата од марката WTI за испораките во мај годинава се урнаа за речиси 100 отсто, на буквалниот минимум од 0,01 долари за барел, според податоците од 20 часот во понеделникот вечерта.
Со ова практично нафтата WTI првпат во историјата достигна ниво нула, но само десет минути подоцна влегоа во историска негатива од речиси долар и половина.
Рокот за заклучување на договорите за мајските испораки завршува во вторник, 21-ви април.
Овој вид лесна сирова нафта, која е една од мерилата за формирањето на цената на нафтата имаше просечна цена од 57 долари за барел во минатата 2019 година, а 64 долари во претходната 2018 година.
Притоа јунските фјучерси за сортата нафта WTI загубија дополнителни 12,4 отсто и со тргуваше по цена од 21,92 долари за барел.
По десет минути по 20 часот мајските фјучерси на WTI веќе се тргуваа на ниво од минус 1,43 долари за барел, а од друга страна цената на сортата на оваа нафта за испораките во јуни падна за уште 14,1 отсто, на 21,5 долари за барел.
Половина час претходно оваа нафта загуби 94,4 отсто од цената и падна на 1,02 долари за барел, според податоците од лондонскиот пазар ICE во понеделникот во 19,30 часот по македонско време.
Само десетина минути подоцна, со мајските фјучерси за нафтата WTI се тргуваше по цена од 1,44 долари за барел, што претставува пад од 92,1 отсто во однос на затворањето на претходното затворање. Но следуваше падот до физичкиот минумум.
Претходно во понеделникот вечерта во 18,30 часот марката од брентот WTI го достина својот историски минимум од 7,8 долари за барел.
Цената на нафтата од марката Brent, исторемено на лондонскиот пазар загуби дополнителни 7,5 отсто и со неа се тргува под 26 долари за барал.