Цената на нафтата 72,6 долари за барел

Во текот на денешното тргување на светските берзи цената на нафтата го надмина нивото од 72,6 долари за барел што е највисока цена во последните три години.

Во вакви услови извесно е дека во понеделник не чека нов, прилично голем скок на малопродажните цени.

Во услови кога актуелната цена е за околу 5 долари по барел повисока од онаа врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика пред две недели ја формираше цената, од вторник на полноќ можеме да очекуваме значително повисоки цени, кои би можеле да одат и за над 3 денари по литар погоре.

Во моментов, ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 67,5 денари откако пред две недели поскапe за 2 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР БС 98 сега чини 69 денари по литар откако минатата недела поскапe за 1,5 денари. Извесно е дека овој дериват од вторник ќе чини повеќе од 70 денари.

За 1,5 денари пред две недели поскапи и дизелот кој сега чини 59 денари за литар. И овој производ се очекува да оди над 60 денари за литар.