Цената на нафтата од марката WTI падна под 45 долари

Цената на барелот сурова нафта од брендот WTI во понеделникот во првите попладневни часови од тргувањето падна под 45 долари, првпат од 13-ти јули минатата 2017 година.

Според податоците од пазарите од малку пред 14 часот по македонско време, цената на февруарските фјучерси за нафтата WTI паднала за 1,47 отсто, на 44,91 долари за барел, а во текот на денешното тргување достигнала и до 44,73 долари.

Истовремено, цената на мартовските фјучерси за северноморската нафта од марката Brent, паднала за 0,81 отсто на 53,66 долари за барел. Претходно, со барелот од ова марка нафта се тргуваше по 53 долари, ниво кое не е забележано од минатогодишниот септември.

Цените на нафтата паѓаат и покрај изјавата на министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати, Сухеил ал-Мазуи, дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и другите големи светски производители, може да го продолжат договорот за намалување на производството или друи и да го зголемат обемот на ова намалување во споредба со договрениот обем на неодманешниот декемвриски состанок.

Имено, на 7-ми декемви членките на ткн група OPEC+ се согласија за кумулативно намалување на производството на нафта за 1,2 милиони барели дневно. Договорот има важност во наредните шест месеци, до јули 2019 година. Од договорениот обем 800.000 барели отпаѓаат на земјите членки на OPEC, и уште 400.000 барели на земјите кои не се дел од картелот, при што Русија како најголем извозник меѓу овие се согласи да го намали производството за 223.000 барели на дневно ниво