Цената на нафтата паѓа на светските берзи, кај нас расте

Цената на суровата нафта на светските берзи се намалува, а Регулаторната комисија за енергетика објавува повисоки цени.

Денеска барел нафта е околу 110 долари, вчера беше под 117 долари а во текот на вечерта се спушти и под 110 долари. Завчера, барел нафта беше поевтин и за 13 долари од вчера.

Причина за тоа како што велат од Регулаторна е фактот што тие прават просек на цените од последните 5 дена во кои се уште влегуваат оние денови кога цената на барел нафта на светските берзи се движеше и над 130 долари.
Денеска барел нафта е под 117 долари а во текот на вечерта се спушти и под 110 долари.

Со последната одлука на РКЕ цените на горивата се зголемија и тоа за 8,5 денари дизелот и за 3,5 денари бензините.

Во понеделникот бензините поскапеа за 5,5 денари а дизелот за 10 денари по литар.

Тоа значи дека за 3 дена бензинот поскапи за дури 9 денари а дизелот за неверојатни 18,5 денари по литар.