Цената на нафтата WTI првпат во историјата падна под 8 долари за барел

Цената на фјучерсите на суровата нафта од брендот WTI за испораките во мај годинава потона за дури 57 отсто на 7,85 долари за барел покажуваат податоците од лондонската берза ICE во 18,30 часот по македонско време. Претходната најниска цена на нафтата од оваа марка изнесуваше 9,75 долари за барел.

Нафтата од спомената сорта првпат во историјата падна под нивото од 8 долари за барел.

Според показателите од лондонската берза од доцна попладнето во понеделникот, со фјучерсите на нафтата WTI во мај се тргуваше по цена од 7,65 долари за барел, што е за 58,1 отсто пониско од нивото ззабележано на затворањето на претходниот трговски ден. Од друга страна, пак, цената на марката WTI за испораките во јуни паднаа за 9,9 отсто, на 22,6 долари за барел.

Истовремено суровата нафта на марката Brent падна за 5,3 отсто, на 26,58 долари за барел.

Притоа, трговците продолжуваат со распроавадање на активите, бидејќи рокот за тргувањето со мајските фјучерси истекува во вторник.

Пандемијата на коронавирусот која има разорно влијание врз глобалната економија, предизвика рекорден пад на побарувачката на суровините поради стопираните производствени активности. Центите на нафтата, покрај тоа, се на удар и поради неможноста на групацијата на Организацијата на земјите извознички на нафата (OPEC) и групата независни големи производители предводени од Русија, позната како OPEC+, да се усогласи за продолжувањето на договорот или параметрите за натамошно намалување на производството, што треба да придносе за запирање на падот на цената на „црното злато“.

На почетокот на април, цените почнаа да растата по соопштението за постигнатиот договор, по разговорите меѓу саудискиот крал Салман и рускиот и американскиот претседател Владимир Путин односно Доналд Трамп. Според овој договор, намалувањето на производството во наредните два месеца треба да се задржи на новото од 9,7 милиони барели дневно. Сепак, тоа не помогна за стабилизирање на цените на нафтата на меѓународните пазари, бидејќи Меѓународната агенција за енергија (IAE) и OPEC предвидуваат натамошен рекорден пад на побарувачката на енергенсот.