Цената на паладиумот ја надмина цената на златото

Цената на благородниот метал паладиум порасна во текот на изминатите две седмици за 25 отсто на светските пазари, достигнувајќи 2.500 американски долари за унца, што е двојни отколку во текот на минатата 2019 година.

Унца од паладиумите во последните десетина дена чини повеќе и од онаа на златото, а притосоците кои влијаат на растот на нејзината цена веројатно нема наскоро да попуштат, сметаат аналитичарите.

Паладиумот е сјаен бел метал од истата група како и платината, рутениумот, родиумот, осмиумот и иридиумот. Во најголем дел доаѓа од Русија и Јужноаафриканската Република, а се екстрахира како нуспроизвод при вадењето на други метали, обично платината и никелот.

Овој благороден метал е клучната компонента во каталитичките конвертори, кои се дел од издувниот систем на автомобилите кој ја контролира емисијата на госовите, а се наоѓа главно во бензиските и хибридните возила. Повеќе од 80 отсто од паладиумот се користи во овие уреди кои ги претвораат отровните касови, како јаглерод моноксид и азот диоксид, во помалку штетни, нитрати, јаглерод диоксиди и водена пареа. Во помала мерак се користи во електронијата, стоматологијата и при изработка на накит.

Поради високата цена на овој метал во текот на последните неколку години забележан и е скок на кражбите на каталитичките конвертори ширум светот. Лондонската полиција, на пример, соопшти дека бројот на вакви кражби во првите шест месеци од 2019 година пораснал за над 80 осто во споредба со една година претходно.

Цената порасна првенствено бидејќи побарувачката од паладиум ја надминува понудата, што трае веќе подолг период. Се предвидува дека количеството произведениот метал во 2019-та ќе биде под глобалната побарувачка веќе осма година последователно. Имајќи предвид дека овој метал е секундарен производ од екстракцијата на платината и никелот, рударите немаа флексибилност за зголемување на производството на паладиумот имајќи го предвид растот на цените.

Јужноафриканската Република, која произведува околу 40 отсто од светските потреби, соопшти минатата седмица дека производстовто на металите од оваа група, вклучително и паладиумот, во ноември се намалила за 13,5 отсто во однос на една година претходно.