Цената на пченицата на светските берзи на највисоко ниво од 2012 година

Цените на пченицата нагло пораснаа на светските берзи, заедно со бројни други артикли, по рускиот напад врз Украина.

Цената за бушел пченица се зголеми за повеќе од 5 отсто, на нешто помалку од 935 американски центи денеска – највисоко ниво од 2012 година. Русија е еден од најважните производители на пченица во светот.

Од денеска поскапеа голем број суровини што се извоз од Русија .

Меѓутоа, конфликтот врши двојно поголем притисок врз пченицата, бидејќи Украина е исто така еден од најголемите светски производители на пченица. Заедно, двете земји сочинуваат околу една четвртина од глобалната трговија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.