Цената на струјата за домаќинствата ќе ја одредува ЕВН-ХОУМ, наместо Регулаторна

Наместо Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Регулаторна ќе има обврска само да направи проверка, но неизвесно е дали ќе може и да интервенира.  Ова се предвидува со новите измени во законот  за енергетика кои се во процедура.

-Нема повеќе да ја определуваме на тие начини, цената за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја објави ЕВН ХОУМ, а претходно ќе ја даде на контрола во РКЕ, каде ќе се проверува дали ќе бидат правилно применети тарифните системи. Ова се прави во речиси сите држави, само ние, Србија и Косово останавме каде РКЕ ја соопштува цената на електричната енергија, иајзви Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Новата цена, треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од јануари в година. Од РКЕ соопштуваат дека нема да се прават никакви промени кај досегашните тарифни блокови.