Цените на јагленот и гасот достигнаа рекордни нивоа во Европа

Цената на енергетскиот јаглен во Европа го собори историскиот рекорд надминувајќи 300 долари за тон откако претходно во средата гасот накусо се приближи до само неодмана незамисливата бариера од 2.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на термичкиот јаглен во европа на 5-ти октоври, во вторникот, остро сккнала за 40 долари, па ја надминала историската бариера од 300 американски долари за тон, според ценовната агенција Argus. Потсетува дека претходниот историски рекорд од 219,39 долари по тон забележан во јуни 2008 година, бил надминат на 1-втомври 2021 година.

Спорд агенцијата, цените на јагленот растата во заднината на општиот раст на цените на енергијата и приближувањето на почетокот на грејната сезона во Европа.

„Русија е главниот снабдувач со јаглен на Европа, но тамошните компании не можат нагло да го зголемата извозот поради инфраструктурните ограничувања. Покрај тоа, во Русија започнуваат подготовките за есенско-зимската сезона, така што производителите ги зголемуваат испораките кон домашните потрошувачи“, се наведува во информацијата на агенцијата и потсетуа дека цената на јагленот уште минатата седмица го дистигнала највисокото нио во последните 20 години.

Истовремено во средатата висока нестабилност е прикажана со цените на договорите за испораки на гасот. Така, според податоците на специјализираната берза ICE Futures, цената на ноемвриските фјучрси според индексот на холандскиот TTF, најликвидниот европски гасен јазол, во средата првпат во историјата надминал 1.900 долари за илјада кубни метри и достигна 1.937 долари.

Но цените многу набрзо го загуби целиот раст од претпладневното тргување и оадна на 1.325 долари, што е за 5 отсто пониско од цената постигната на затворањето на тргувањето во вторникот.