Цените на гасот во Европа близу 1.200 долари

Центата на гасот во Европа во петокот во претпладневното тргување покажува колеблив рат, близу 1.200 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од лондонската берза ICE.

Мајските термински договори според индексот на најголемиот европски хаб, холандски TTF, го отвори тргувањето со 1.172 долари и во првиот час покажуваше благ нагорен тренд на растот на цената, блиску до нула процентни поени во однос на затворањето на пазарот во четвртокот. Подоцна растот забрза, па по три часа од тргувањето, вредноста на фјучерсите зе сголеми за 1,4 отсто, на 1.195 долари за илјада кубни метри гас.

Цените на гасот во Европа во последниот период покажуваат силна нестабилност. Остро се зголемија откако рускиот претседател Владимир Путин на 21-ви февруари потпиша указ за признавање на суверенитетот на самопрогласените Народни републики во Донецк и Луганс на истокот од Украина, а особено по 24-ти февруари по почетокот на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во соседна Украина.

Следеше бран нови западни санкции за Русија, предводени од САД и ЕУ, а од почетокот на март поради стравувањата за извоз на руските енергенси, цените на гасот ги обновија историските рекордните нивоа четири дена со ред, а потоа паднаа за повеќе од трипати до средината на месецот. Така, на 7-ми март со фјучерсите се тргуваше за речиси 3.900 долари, а до 21-ви март центата на гасот падна под 1.000 долари за илјада кубни метри. И цената на спот-продажбата, исто така, покажуваше нестабилност, достигнувајќи го врвот од 2.425 долари на 7-ми март, а на 21-ви март беше за повеќе од преполовен до 1.050 долари.

Забележливото зголемување на цените на гасот во Европа започна уште пролетта 2021 година, кога средната цена на спор-продажбата според индексот на референтниот хаб TTF се движеше меѓу 250 и 300 долари за илјада кубни метри. На крајот од летото цената веќе надмина 600 долари, а на почетокот на ланскиот октомври веќе изнесуваше 1.000 долари. Рекордниот максимум од 3.892 долари, пак, беше забележан постигнат на 7-ми март годинава.