Цените на кафето и какаото рушат рекорди

Цените на кафето и какаото оваа недела достигнале највисоко ниво во последните две години поради стравот од намалената понуда, додека шеќерот во исто време забележа намалување на цената.

Кафето на берзата во Лондон достигна вредност од 2.218 долари за еден тон, што е највисоко ниво во последната година, додека на берзата во Њујорк достигна рекордна вредност од 209,75 центи за фунта.

Загриженоста поради намалената понуда на бразилското кафе предизвика раст на цената на „арабиката“ за околу 80 отсто од крајот на јануари.

Сушата од почетокот на годината зафати големи површини насади на кафе во Бразил, кој што е најголемиот прозводител и извозник на кафе во светот. Таква суша не е запаметена уште од 1950-та година.