Цените на кафето ќе бидат како пред половина век

Глобалната консултантска организација која ги обединува производителите и трговци на кафе “Worldcofferesearch”, предупредува во својот најнов извештај дека до 2050 година побарувачката за кафе во светот може да се удвои.

Од друга страна, проценките на “Wordlcofferesearch”се дека земјоделските површини на кои се произведува кафе во наредните триесет години би можеле да биде преполовени поради климатските промени.

Од 1990 година има постојан пораст на глобалната потрошувачка на кафе за 2,1 отсто на годишно ниво, што значи дека со ова темпо на раст на индустријата ќе бидат потребни 298 милиони вреќи со кафе во 2050 година за да се задоволат потребите на пазарот, кои се два пати на поголеми од сегашните, пресметале во “Worldcofferesearch”.

Веќе минатата година, според достапните податоци, забележан е пад во глобалното производство на кафе поради намалената количина која на пазарот ја доставуваат производителите од Бразил. Министерството за земјоделство на САД проценува дека оваа година расположливите количини на кафе на светскиот пазар ќе бидат 152 милиони и 400 илјади вреќи со кафе од по 60 килограми, што е 600.000 вреќи помалку од минатата година.
Намалувањето на производството во Бразил е поврзано со климатските промени, бидејќи растенијата од кои се добиваат суровините за индустријата за кафе требаат специфични и непроменети климатски услови. Иако во Јужна и Централна Америка, Африка и Азија има дваесетина земји позначајни извозници на кафе, водечките производители како што се Бразил и Колумбија, како и оние со мали пазарни удели , како што се Индија и Никарагва, ќе доживеат, според наодите од овие консултанти, најголемо намалување на површината на кафе како резултат на климатските промена и тоа за 60 проценти до 2050 година, што неизбежно ќе влијае на светската понуда.

Дури и под услов дека производителите на кафе забрзано да почнат да се прилагодуваат на климатските промени, производство во 2050 година нема да биде повисоко од сегашното, тврдат од Worldcoffeeresearch“, кои отвораат голем број на прашања во врска со цената, квалитетот и видот на кафе што ќе се консумира во наредните години и децении.

Бидејќи африканските извозници како што се Бурунди, Кенија и Етиопија, според наодите на “Worldcofferesearch“, би требало да се помалку погодени од намалувањето на површините со кафе, можно е на пазарот да има повеќе кафе од тој дел на светот, како што сортата Арабика. Излезот од таквата состојба и задоволувањето на потребите на пазарот, исто така, ќе се бара во научните истражувања за одгледување на видови на кафе отпорни на климатските промени.

Кога станува збор за цените на кафето во иднина, аналитичарите потсетуваат дека во средината на седумдесеттите години на минатиот век цената на половина килограм сурово кафе била два и пол пати поголема од сегашната, која е 1,28 американски долари. Цените од пред четириесет години би можеле да се вратат, е општата оценка на упатените во пазарот со кафе.

Според податоците на Евростат, најголемиот светски извозници на кафе во Европа, освен Бразил, се Виетнам и Колумбија. Од овие три земји во текот на 2016 година се увезувале кафе во вредност од 14 милијарди евра. Светскиот пазар на кафе се проценува на сто милијарди долари, а во трговијата на мало на годишно ниво се прави обрт од околу десет милијарди долари.