Цените на нафтата близу 116 долари, загриженоста за снабдувањето противтежа на посилниот долар

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународноте пазари близу нивото од 116 долари, балансирајќи меѓу загриженоста за снабдувањето поради дискусиите во Европската унија за ембарго на руската нафта и посилната американска валута кој ја прудушува поберувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 13 центи во однос на затворањето на претходниот трговски дена, на 115,75 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 11 центи повисока цена, за 112,23 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено претпладнето објави дека со барелот на референтната кошничка нафта на нејзините членки во понеделникот чинел 113,84 долари, што значи дека поскапал за 4,72 долари во однос на претходниот ден од тргувањето.

Трговците многу внимателно ги следат дискусиите во ЕУ за воведување ембарко на увозор на руската нафра. Прашањето за приклучувањето на ембаргото на САД ги подели министрите за надворешни работи на членките на ЕУ. Некои меѓу нив, вклучително и Германија, предупредуваат дека Унијата не би можела да се носи со последиците од таквиот потег, бидејќи премногу зависи од руските фосилни горива.

„Сѐ уште не е јасно дали ембаргото навистина ќе биде воведено“, пишува во извештајот до комитентите Карстен Фритш од „Commerzbank“, потсетувајќи дека „таквото решение бара едноглосна поддршка“.

Ембаргото би значело помало снабдување со нафта, што во меѓувреме е загозено со нападот на јеменски шиитски Хути врз саудиските погони за десалинизацијата на морската вода и за производството на енергија. Саудиска Арабија во понеделникот соопшти дека нема да сноси одговорноста за значително помалото снабдување со нафта по нападот на Хутите, сигнализирајќи днезадповолство од политиките на САД кон Јемен и Иран, толкува Reuters.

Тег за цените, пак, беше силниот американски долар, кој поддршката ја доби од навестувањето од претседателот на американската централна банка Џером Пауел дека монетарнтата политика на САД би можело да бдие построга поаггресивно отколку што се очекуваше.

Силниот долар ја поскапува нафтата за купувачите кои располагаат со други валути, а резултатот вообичаено е послабата побарувачка.

„Прогнозите за ‘минливата’ висока инфлација денеска само се далечен спомен, главно поради растечките цени на стоките. Централните банки предводени од американски Fed подготвени се зналително да ја зголемат цената на задолжувањата“ вели Тамаш Варга од брокерската куќа PVM.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.