Цените на нафтата близу 119 долари, стравувања за намалена понуда

Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари кон 119 долари за барел, имајќи предвид дека стравот од помалата понуда ја зајакне загриженоста за побарувачката поради слабеење на светската економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока за 87 центи отколку на затворањето на претходниот трговски ден и изнесуваше 118,85 долари. Во вторникот за заклучи тргувањето во плус од 2,89 долари.

На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 1,20 долари повисока цена, од 112, 96 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 2,19 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одвоено објави во средата дека барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во вторникот чинел 117,55 долари, што значи дека имал повисока цена за 2,67 долари во однос на претходниот трговски ден.

Пазарите во вторникот беа загрижени од сигналите дека големите светски произведувачи Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не можат позначително да го зголемат производството, а извозот од Русија би можел да се намали имајќи предвид дека Западот поставува ембарго на увозот на руската нафта, како и за нејзиниот транспорт, а исто така западните влади настојуваат да ја ограничат цената на руската нафта.

Седумте индустриски најразвиени земји од групата Г7 одлучија да ја разгледаат можноста да се забрани и осигурувањето на руските испораки на нафта, доколку цената на барелот го надминува лимитот. Нивните разгледувања го потисна во втор план стравот од рецесија која би значела намалена побарувачка на енергенси.

„Имајќи предвид дека речиси петтина од глобалните капацитети за производство на нафта денес се под некоја форма на санкции (Иран, Венецуела Русија), заклучивме дека не постои практичен начин на тие барели да им се блокира пристапот до пазарот кој и онаа е исклучително тесно снабден“м соопштија од „JP Morgan“

Аналитичарот Норберт Ракер од „Julius Baer“ изјави за Reuters дека концептот на ограничување на цените тешко се сфаќа, имајќи ги предвид цените на различните водови нафта и на илјадниците учесници во синџирот на набавка.

„Купувачите би морале да се здружат во картел и да конструираат веродостојна ‘закана’, а тоа се многу предизвикувачки задачи“, вели Ракер.

Земјите од OPEC и нивните сојузници предводени од Русија започнаа во средата низа состаноци кои ќе траат два дена, а извори велат дека шансите за голема промена на политиката на производство за претстојниот месец се мали.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.