Цените на нафтата близу нивото од 83 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во близина на нивото од 83 долари во четвртокот, бидејќи скокот на залихите во САД беше противтежа на знаците за помалите снабдвуањеа и кризата во Црвеното Море.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на пазарот и изнесуваше 82,94 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргува по 77,83 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно објави дека во средата барелoт од референната нафтена кошничка на нејзините членки падна за 83 центи, на 81,99 долари.

Пазарите во средата беа поддржани од индициите за постеснето снабдување. Барел со рок на испорака во следните два месеца беше значително поскапо од она со датум на испорака во лето или на есен.

Разликата во цената покажува дека понудата е сѐ потешко да се одржи во чекор со побарувачката, објаснува стратегот Џовани Стауново, додавајќи дека залихите на сурова нафта во трговскиот центар Амстердам-Ротердам-Антверпен се намалени, а се намалилте исто така и залихите на деривати во Фуџира.

Трговците се загрижени и поради кризата во Црвеното Море. Јеменското движење Ансар Алах напаѓа бродови поврзани со Израел, барајќи прекин на израелските воени операции во окупираниот палестински Појас Газа и испорака на хуманитарна помош за Палестинците. САД и Велика Британија одговорија со напад на цели во Јемен, тврдејќи дека сакаат да ја заштитат слободната полвидба, а им се придружија и воени бродови од земјите на Европската унија. Јеменското движење продолжи со нападите и вклучи и британски и американски бродови во листата свои цели.

Непријателствата во Црвеното Море и околниот регион сигурно ќе ја задржат премијата за геополитички ризик на високо ниво, според Тамаш Варга од „PVM Oil“.

Кочница за цените беше зголемувањето на залихите во САД минатата седмица, за 7,17 милиони барели, соопштија во средата пазарни извори, цитирајќи податоци од здружението на производители на API. Скокот на залихите ја одразува намалената обработка поради сезоната на одржување на рафинериите.

Инвеститорите сега чекаат официјални податоци кои треба да бидат објавени подоцна во текот на денот. И API и Министерството за енергетика поради празниците ги објавуваат податоците еден ден подоцна.