Цените на нафтата на највисокото ниво во 2019-та

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари го достигнаа највисокото ниво во последните два месеца, под влијанието на загриженоста окззолззу намалувањето на производството во членките на нафтениот картел Организација на земјите извозници на нафта (OPEC) и американските санкции за Венецуела.

На лондонскиот пазар на цената на барелот порасна за 66 центи во однос на претходното затворање на тргувањето во петокот, на 63,41 долар, а во текот на претпладневното тргување ја достигна и највисоката цена од 7-ми декември од 63,63 долари.

На американскиот пазар, пак, со барелот околу пладне по средноевропско време се тргуваше по 33 центи повисока цена, од 55,59 долари, а во текот на претпладнетно барелот достигна и највисоко ниво од почетокот на 2019 година од 55,79 долари.

Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEC) и нејзините сојузници надвор од картелот започнаа во јануари нов круг кастрење на производството, а понудатата дополнително ја намалуваат и американските санкции против Венецуела.

„Воведени се санкции на Венецуела, покрај веќе намалените понуди од Саудиска Арабија. На пазарите на сирова нафта повеќе нема никакви траги од презаситеност“, вели за Reuters Оливие Жакоб од „Petromatrix“.

Загриженоста поради можното забавување на побарувачката оваа година покрај послабата перспектива на економскиот раст и равој под притисок на трговскиот спор меѓу САД и Кина, донекаде го ограничи растот на цените. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следните седмици ќе се сретне со својот кинески колега Кси Џинпинг за да се обидат да го решат спорот, а постојат надежи дека двете страни ќе успеат да се договорат.