Цените на нафтата над 54 долари, го следат закрепнувањето на пазарите на акции

Цените на нафтата во понеделникот, последниот ден од годината, го пречекорија нивото од 54 долари за барел, следејќи го закрепнувањето на пазарите на акции по сигналите за напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина.

На лондонскиот пазар цената мартовските испораки на барелот од северноморската мешана нафта од марката Brent во 13,30 часот се зголеми за 2,67 отсто, на 54,83 долари. Февруарските фјучерси на нафтата од марката WTI скокнаа за 2,27 отсто, на 46,36 долари за барел. На американскиот пазар цената на барелот беше поголема за 66 центи отколку на затворањето на претходниот трговски ден, и изнесуваше 54,05 долари.

Организацијата на земјите извонички на нафта (OPEC) ниту во понеделникот утрото не ја објави цената на барелот на референтната кошница своја нафта во петокот, поради новогодишните праници во австриската престолнина Виена, каде што е седиштето на картелот.

Навестувањата за напредок во преговорите за трговскиот договор меѓу САД и Кина, покрај изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека имал „многу добар телефонски разговор“ со кинескиот претседател Кси Џинпинг, го подигна расположението на нафтените пазари.

Во поголем дек од годинава цените на нафтата растеа поттикнати од здравата побарувачка и загриженоста за снабдувањето имајќи ги предвид обновените американски санкции против Иран, кој е голем извозник на овој енергенс. Последното тримесечје донесе, пак, пад на цените, откако САД неочекувано одобрија изземања од санкциите за најголемите купувачи на иранска нафта. Дополнитено беа притиснати од стравувањата од забавување на растот на светската економија во атмосфера на американско-кинескиот трговски спор, кој ги погоди изгледите на побарувачката на нафта. Цените на двата водечки светски пазари на нафта во овој квартал паднаа за повеќе од третина, најсилно од четвртото тримесечје во 2014 година.

„Доколку не се случи нешто ново, во блиска иднина првата точка на притисокот на пазарите на нафтата ќе дојде некаде во мај 2019 година или еден месец пред тоа, кога ќе се разговара за продолжување на изземањата за Иран“, смета во анкетата на Reuters, Сукрит Виџајакар од советодавната компанија „Trifecta“.

Актуелниот притисок врз цените веројатно ќе попушти од мај, сметаат аналитичарите, имајќи предвид дека на сила ќе стапи договорот на OPEC и неговите партнери, вклучително и Русија, за намалување на производството на 1,2 милиони барели дневно. Меѓу факторите на притисокот, сепак, останува производството во САД, коишто оваа година избија на чело на листата на водечките светски производители, надминувајќи го нивото од 11,6 милиони барели дневно колку што произведуваат во моментов Саудиска Арабија и Русија.

„Клучните производители од ткн OPEC+ имаат значителни резервни капацитети и може да ги употребат доколку оценат дека тоа е потребно. Но тешко е соодветно да се користи овој инструмент во светот во кој прогнозерите рутински го потценуваат американското производство за неколку стотици илјади барели дневно“, предупредуваат во белешките за клиентите аналитичарите на „JBC Energy“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.