Цените на нафтата над 66 долари, намаленото снабдување противтежа на зголеманата понуда од САД

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот на нивото над 66 долари, балансирајќи меѓу зголемената понуда од САД и загриженоста за светската економија и намалувањето на снабдувањето од водечките светски производители.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета во однос на затвротањето на претходниот трговски ден, и изнесуваше 66,39 долари. На американските пазар, пак, се тргуваше по 16 центи повисока цена, од 57,38 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) денеска извести дека цената на барелот на референтната кошница нејзина нафта изнесувала во четвртокот 65,28 долари, што значи дека пораснала за 31 цент во однос на претходниот трговски ден.

„Цените на нафтата во денешното тргување конечно се стабилизираа“, констатирале за Reuters од „Interfax Energy“.

Поддршката на цените им ја даде истражувањето на Reuters, според кое OPEC во февруари црпел 30,68 милиони барели дневно, 300.000 барели дневно помалку откколку во јануари и најмалку уште од 2015 година.

Дополнителна поддршка дава и 40-процентниот пад на извозот на нафтата од Венецуела, на околу 920.000 барели дневно, откако американската влада на 28-ми јануари воведе санкции против венецуелската нафтена компанија.

OPEC, меѓу чиишто земји основачи спаѓа и Венецуела, и групата независни големи произведувачи предводени од Русија, одлучија на почетокот од годинава да го намалат снабдувањето за вкупно околу 1,2 милиони барели дневно поради поддршка на цените. Притоа Венецуела е изземена од овие кастрења.

„OPEC и неговите десет сојузници го почитуваат договорот и овојпат се тврдоглави“, наведуваат во белешките до клиентите аналитичарите на лондонската брокерска куча PVM.

Противтежа на намаленото снабдување од OPEC и групата независни произведувачи е зголемувањето на производството на рекордни нивоа. Цените на нафтата ги кочат и предвидувањата дека глобалната побарувачка годинава ќе падне поради забавувањето на економските активности.

Така, активностите во кинеската економија во февруари паднаа трет месец со ред под влијанието на слабите извозни нарачки, покажува истражување на лондонската компанија Markit. Слабост се чувствува и во поширокиот регион, вклучително и најголемиот пад на јужнокорејскиот извоз во февруари во речиси трите последни години поради континуираното слабеење на кинеската побарувачка.

И покрај тоа, потрошувачката на гориват, особено во азиските земји во развој, клучните придвижувачи на глобалната побарувачка на нафра, и натаму е силна. Се очекува, на пример, дека потрошувачката на дизелските горива во Индија оваа година ќе порасне на рекордно ниво, имајќи го предвид 7-процентниот раст на економските активности.