Цените на нафтата паднаа, трговците загрижени за побарувачката

Цените на нафтата на меѓународните пазари во претпладневното тргување во четвртокот паднаа, бидејќи натамошното зголемување на каматите на важните централни банки ќе го забави економскиот раст а што ќе ја намали побарувачката на енергенсот.

Ценат на барелот на лондонскиот пазар во однос на затворањето на тргувањето во средата падна за околу 70 центи, на 82 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше по 80 центи пониска цена во однос на средата, од 76,49 долари.

Цените на овие два пазара паднаа поради посилниот американски долар, кој може да ја ослаби побарувачката на нафта, бидејќи ја прави поскапа за оние кои користат други валути.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави денеска дека во средата барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во однос на претходниот трговски дена поскапел за 1,63 долари, на 79,97 долари.

Претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Џером Пауел во средата изјави дека банката во следната година дополнително ќе ги зголеми каматните стапки, и покрај тоа што на американската економија ѝ се заканува рецесија.

„Цените на нафтата денеска се под притисокот бидејќи насоките на Fed за монетарната политика ја зголемија загриженоста за економскиот раст, го зајакнаа американскиот долар и ги притиснаа цените на стоките. Кинеските економски податоци за ноември се многу под очекувањата, што дополнително ги замрачи изгледите на побарувачката“, вели за Reuters Тина Тенг од „CMC Markets“.

Утрово, имено, се покажа дека Кина, како втората најголема економија во светот и најголем светски потрошувач на нафтата го загубила залетот, откако податоците покажаа дека растот на фабричкото производство е забавено, а малопродажбата продолжила да паѓа.

Притисокот на цените на нафтата доаѓаат и од вестите дека канадската корпорација „TC Energy“ продолжува со работите на делот на својот нафтовод Кејстоун, една седмица откако истекоа повеќе од 14.000 барели нафта во руралниот дел на американската сојузна држава Канзас што предизвика затворање на цевководот.

Падот на цените ги ограничи процената на Меѓународната агенција за енергија (IAE), којашто очекува закрепнување на кинеската побарувачка на нафта следната година, по годинешниот пад од 400.000 барели дневно.

Во меѓувреме американските резерви на сирова нафта во САД минатата седмица пораснале за повеќе од 10 милиони барели, најмногу од март 2021 година, според податоците на владата во Вашингтон.

И покрај денешниот пад, цените на нафтата се на патот на добивка во оваа седмица и се одлепија од најниските нивоа постигнати годинава, на коишто паднаа пред една седмица.