Цените на нафтата пораснаа кон 69 долари, во фокусот намаленото снабдување

Ценита на нафтата во петокот на меѓународните пазари пораснаа кон 69 долари за барел, поткрепени од намаленото снабдување од водечките производители и американските санкции на извозот од Иран и од Венецуела.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока а 83 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 68,65 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,14 долари повисока цена, од 60,44 долари. Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) утрово извести дека цената на барелот од референтната кошница нејзина нафта во четвртокот изнесувала 66,39 долари, што значи дека била 77 центи пониска од претходниот трговски ден.

Цените ги потркепува намаленото снабдување од водечките произведувачи предводрени од OPEC и Русија, според договорот со кој го намалија производството за 1,2 милиони барели дневно за да ги намалат резервите од енергенсот и да ги поддржат цените.

„Намаленото производство од OPEC+ е главната причина за закрепнувањето на цените по 38-процентниот пад во последниот квартал минатата година“, констатира во анкетата на Reuters Оле Хансен од „ Saxo Bank“.

Нафтените пазари речиси потполно ја пренабрегнаа вчерашната порака на американскиот претседател Доналд Трамп до OPEC да го зголеми производството за да се запре растот на цените, сметајќи дека глобалната економија е „кревка“ и не ќе може да го издржи притисокот.

„Во ноември се чинеше дека OPEC, и во прв ред Саудиска Арабија, ги прифаќаат повторуваните барања на американскиот претседател Доналд Трамп да го зголемат производството на нафта, но сега поголеми се шансите да се оглушат на неговите твитови“, заклучуваат аналитичарите на „Commerbank“ во белешката за клиентите.

Во јуни ќе се одржи состанок на членките на OPEC и другите големи произведувачи на нафтата предводени од Русија за да ја утврдат производната политика. Агенцијата Reuters притоа во својата анализа детектира пункатини во овој сојуз, напомнувајќи дека челничката на нафтениот картел Саудиска Арабија сака да го продолжи намаленото снабдување до крајот на годината, додека Русија е помалку наклонета на продолжувањето по септември.

Ограничувањето на снабдувањето на пазарите со нафта, а со тоа и растот на цените на барелот, истот така, ги поткрепуваат и американските санкции за Иран и Венецуела, кои го блокираа извозот од овие земји кои се меѓу поголемите производители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.