Цените на нафтата пораснаа кон 73 долари во исчекување на средбата на водечките производители

Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари кон 73 долари за барел, поддржани од прецените на аналитичарите дека ведечките производители по појавата на новата варијанта на коронавирусот ќе се откажат од планираното зголемување на снабдвувањето на почетокот од новата година.

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше за 3,25 долари повеќе во однос на затворањето на претходниот трговски ден и изнесуваше 72,48 долари. Во вторникот тргувањето беше затворени во минус 2,87 долари.

На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по 3,01 повисока цена од 69,19 долари. Во вторникот тргувањето на овој пазар беше заклулено во минус од 3,77 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во средата на своите интернет страници објави дека претходниот трговски ден со барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки чинела 71,01 долар, што значи дека бил за 3,19 долари поевтин од ден претходно.

Пазарите во вторникот беа воземирени од изјавите на челникот на фармацевтската компанија „Moderna“ дека вакцините можеби нема да бидат ефикасна заштита против новата омикрон варијанта на коронавирусот, што ја поттикна загриженоста за побарувачката на нафтата.

Во средата, пак, пазарите се пренасочија на состанокот на OPEC на кој во четвртокот треабда да се приклучат нивните сојузници меѓу независните производители предводени од Русија. Некои аналитичари сметаат дека OPEC+ ќе го одложи планираното згоемување на понудата за 400.000 барели дневно во јанаури поради потенцијалниот удар на побарувачката кој би можело да ги донесен ограничувањата на патувањата воведени за спречување на ширењето на омикрон варијантата.

„Многу нешта наведуваат на заклучокот дека OPEC+ за почеток нема дополнително да го зголеми производството на нафта за да ги задржи сегашните цени од околу 70 долари за барел. OPEC+ се многу претпазливи уште отѕккао започнаа постапно да ја зголемуваат понудата и одлуката за одложување на планираното зголемување на производството во јануари и за зачувување на постојните нивоа на производството би била во духот на таа претпазлива“, вели за Reuters Стефен Бренок од PMV.

Неколку министри од членки на групата OPEC+ веќе изјавија дека нема потреба од промена на постојниот курс. Дури и доколку групата реши да го продолжи постапното зголемување на проозводството како што планираа пред појавата на омикрон вирусот, некои земји би можеле да имаат тешкотии со пласирањето на пазарот на договорените количества.

Истражувањето коешто го спровел Reuters покажало дека OPEC во ноември црпеле 27,74 милиони барели дненвно за 220.000 барели дневно повеќе отколку во октомври, но помалку од договорените 254.000 барели предвидени со договорот на членките на овој нафтен картел.