Цените на нафтата се зголемија кон 74 долари во четвртокот, бидејќи главните производители решија да го одложат планираното зголемување на понудата за да го запрат падот на пазарот под притисок на загриженоста за побарувачката и најавите за нормализирање на либискиот извоз.
На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше повисока за 94 центи од затворањето на претходниот трговски ден и изнесуваше 73,64 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 80 центи поскап, по 70,12 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелот од референтата нафтена кошница на нејзините членки во средата поевтинел за 2,62 долари на 73,67 долари.
Трговците внимателно ги следат пораките од OPEC и групата нивни сојузници независни големи извозници преводени од Русија, познати како OPEC+, за да проценат дали ќе реагираат на остриот пад на цените под притисок од знаците за забавување на економската активност во САД и Кина.
На почетокот од летото, групата одлучи да ја зголеми понудата за 180.000 барели дневно од октомври, наведувајќи дека побарувачката треба да закрепне кон крајот на годината. Тие во моментов ја намалуваат понудата за околу 5,86 милиони барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка.
Неодамна минатата седмица, групата сигнализираше дека ќе ја потврди одлуката за зголемување на понудата, но беше под влијание на падот на цените на пазарите под притисок од знаците за забавување на кинеската економија и слабата побарувачка во САД и најавата за нормализација на либискиот извозот.
Во четвртокот, групата одлучи да го одложи планираното зголемување на понудата во октомври и ноември, бидејќи цените на нафтата паднаа на најниското ниво во последните девет месеци, според три извори.
Постигнат е договор, изјави еден од изворите на Reuters од OPEC+. Некои аналитичари сметаат дека пазарот би можел негативно да реагира и на доцнењето.
„Ако го зголемат производството, пазарот би можел да забележи значителен суфицит на понудата од првиот квартал на 2025 година. Доколку го одложат зголемувањето, тоа би можело да се толкува како задоцнето признание од OPEC дека побарувачката nа нафта е слаба“, велат во извештајот аналитичарите на британската банка HSBC.
Поддршка за цените дадоа и податоците од Асоцијацијата на американски производители (API), кои покажаа дека залихите паднале за 7,43 милиони барели минатата недела, неколку пати повеќе од очекувањата на аналитичарите во анкетата на Reuters. Официјалните податоци ќе бидат објавени во текот на денот.