Цените на угостителските услуги исти како во јули

Цените на угостителските услуги во август годинава остана на исто ниво како и во претходниот месец, а во споредба со ланскиот декември се повисоки за 0,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во август се зголемени за 0,5 отсто во однос на истиот месец од претходната година, а во првите девет месеци од годинава пораснале за 0,3 отсто во споредба со истиот период лани.