Цените на златото го минаа рекордното ниво од 2013-та

Цената на златото порасна во понеделникот за 2,3 отсто и го надминаа рекордот од април 2013 година, и со благородниот метал во моментов се тргува по 1,588,13 долари за унца, пренесува агенцијата Bloomberg според која причината за тоа е заострувањето на ситуацијата на Блискиот исток.

И другите скапоцени метали, исто така, бележат остар раст на цените, Цената на паладиумот на спот-пазарот постави рекордна цена од 2.030,28 долари за унца.

Цената на среброто го обнови максимумот од септемри минатата 2019 година, и достигна 18,5081 долари за унца.

Притоа аналитичарите на „Goldman Sachs“ очекуваат дека цената на златото ќе расте побрзо од цената на нафтата, а темпото на раст ќе биде дури и повисока од сегашното.