Цените во угостителството скокнале за 14,8 отсто

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 14.8 %, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, е зголемен за 0.7 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.9 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Ноќевања за 0.2 %.

За потсетување, во декември 2022 година, цените на угостителските услуги поскапеа за 16,8 отсто во однос на истиот месец 2021 година, објави ДЗС.