Центар утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 12 август без вода ќе останат дел од корисниците на општина Центар.

Според добиеното известување од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, поради промена на шибери, од 9 часот, па се до завршување на градежните работи, без вода ќе останат корисниците од МАНУ, Министерството за надоврешни работи, Основното училиште „Кирил и Методиј“, како и улиците Крсте Мисирков, Адвокатската учица и Стив Наумов.