Центар за јавно здравје Куманово извршил над 70 тестирања во болницата

Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, доктор Ариф Љатифи, денеска информираше дека за 24 часа има регистрирано седум позитивни пациенти од коронавирус.

Тој додаде дека извршени се над 70 тестирања во кумановската болница, дополнителни 20 според „Мој термин“ у уште 20 според епидемиолошки индикацииш.

-Веќе имаме детектирано неколку жаришта, интензивно работиме на нив, вели Љатифи.