Центарот блокиран, протестира затворската полиција

Граѓанскиот независен синдикат на полицијата, денеска организира протестен синдикален марш од 10 до 16 и 30 часот.

Тие во придружба на 35 возила, ќе го започнат протестот пред МТВ, а потоа ќе блокираат пред Влада, а ќе се движат кон Собранието. Синдикатот ги бара правата на затворската полиција, потпишување на Колективен договор и Закон за извршување и санкции за конечно решавање на нивниот проблем.