Центата на златото го обнови рекордното ниво од 2011-та

Цената на златото повторно во вторникот го надмина психолошкиот планов од 1.800 американски долари за унца, повторувајќи го рекордното ниво од 2011 година, како реакција на ставувањата од нов бран на пандемијата на короновирусот, кога драгоцените метали се сметаат за сигурни прибежишта за капиталот во несигурните времиња.

Во раните попладневни часови по македонско време од трговањето во вторникот, цената на августовските фјучерси на златото на њујоршката берза Comex скокна за 0,77 отсто или за 13,85 отсто, на 1.807,35 долари за унца. Во еден момент од денешното тргување цената на златото достигна 1.809 американски долари, што е највисоката од 21-ви септемвруи 2011 година. На 6-ти септември истата година, златото се искачи на 1.911 долари.

Јулските фјучерси на среброто, пак, посраснаа денеска за 0,45 отсто, на 18,665 долари за унца.

Цената на златото третпат во последните шест трговиски дена се искаќува над психолошкиот праг од 1.800 долари за унца. Загриженоста од влијанието на пандемијата на коронавирусот врз глобалната економија ја поткрепува побарувачката на сигурни активи. Како резултат на тоа, светските бери бележат падови, додека цената на златото и на американскиот долар зајакнуваат.