Централната банка ја намали проекцијата за раст на македонската економија за речиси еден отсто

Централната банка Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја намали проекцијата за раст на македонската економија од 3,2 отсто во април на 2,3 проценти во ноември, а забрзување на растот се очекува за следната година за кога се предвидени 3,5 отсто, 3,8 проценти во 2020-та и 4 отсто во 2020 година, рече гувернерката Анита Ангеловска Бежоска во четвртокотс, според која направената надолна корекција 2018 година за речиси цел процентен поен, е одраз на послабите остварувања во првата половина од годинава.

Огромното потфрлање на Владата во капиталните инвестиции се главната причина за слабите пероформанси на македонската економија. Народната банка ја намали проекцијата за раст на економијата за годинава на 2,3 отсто од претходно проектираните 3,2 насто. НБРМ оцени дека е намален политичкиот ризик, но дека опоравувањето ќе биде следната година за кога очекуваат забрзување на капиталните инвестиции.

„Еден од клучните ризици продолжува да биде инвестициската акивност. Ние се уште за третиот квартал предвидуваме пад на инвестициите и постепено влегување во позитивна зона дури во четвртиот квартал…За годината во целина предвидуваме пад на инвестициите, а на годишна основа остварување на позитивни стапки во 2019 година“, изјави Анита Ангеловска Бежоска

Гувернерката ,пак, во однос на растот на јавниот долг кој во третиот квартал достигна 48,2 отсто од БДП, вели дека не е еден од ризиците за економијата. Таа и порача на Владата да внимава на неговата одржливост, за што е потребна и фискална консолидација.

„Поаѓајќи од фискалната стратегија на министерството за финансии која што значи постепено намалување на буџетскиот дефицит што е предуслов за да може да има намалување и на јавниот долг, бидејќи извозот кој што е потребен за да се обезбеди преку задолжување колерила и со износот на буџетскиот дефицит.“изјави, Анита Ангеловска Бежоска

Нагорна е проекцијата за раст на депозитите на 10,2 , и на кредитите за 8,4 отсто годинава. Велат дека и натаму постои одредена неизвесност од продлабочување на политичката ситуација во земјава. За следната година НБРМ прогнозира раст од 3,5 проценти, за 2020 година од 3,8 проценти, а во 2021 година да достигне 4 отсто.

Владата со ребалансот на буџетот ја намали проекцијата за раст на економијата од 3,2 на 2,8 отсто, како резултат на слабата реализација на капитални инвестиции.

„За првата половина од годината беше предвиден пораст од 3,3 отсто, а остварен e 1,6 проценти, што произлегува во најголем дел од инвестициите. Во поглед на структурата на порастот, се очекува дека домашната побарувачка ќе биде главниот двигател на порастот, со исклучок на 2018 година кога најголем ефект ќе има нето-извозот“, рече Ангеловска Бежоска.

По падот во 2017 и во 2018 година, предвидено е инвестициите да растат. Порастот ќе биде поддржан од јавните и странските инвестиции, но и од подобриот амбиент за инвестирање на домашните инвеститори. Но, укажа дека овој раст доаѓа исклучиво како резултат на извозот од фирмите во слободните економски зони, и дека голем ризик се јавните инвестиции кои го влечат растот надолу.

Позитивен придонес се очекува и од личната потрошувачка при стабилен пораст на платите, зголемување на вработеноста и натамошна кредитна поддршка од страна на домашните банки.

Во однос на инфлацијата, пак, ревидирањето е исто така во надолна линија од 2 на 1,6 отсто.

„И натаму постои одредена неизвесност од домашниот политички контекст. Позитивен ризик кој што не е вграден во проекциите, повторно претставува можноста за забрзување на процесот на евроатлантска интеграција“, додаде Ангеловска Бежоска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.