Централниот регистар го блокира развојот на „Водовод“, не дозволувајќи да произведува еко енергија

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ: 

Централниот регистар не дозволува спроведување на едногласно изгласаната одлука на Советот на Град Скопје, блокирајќи го скопски Водовод и канализација да инвестира во обновливи извори за енергија за сопствени потреби како начин за заштита на животната средина, и остварување на дополнителни заштеди.

Двојните стандарди во постапувањето се гледа во нивното тврдење дека иницијативата на ЈП Водовод и канализација не е можно да се впише под изговор дека производство на електрична енергија од Националната класификација на дејности не е комунална дејност како дејност од јавен интерес за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за кои јавните претпријатија се основаат. Истото ова не важи кога станува збор за водоводното претпријатие во Кочани кому истиот Централен регистар дозволи впишување на иста ваква дејност.

Во ваквата блокада на Централниот регистар препознаваме тенденција бидејќи:

ЈП Водовод и канализација во член 14 од Статутот уште во 2018-та година е утврдено дека покрај основната дејност, претпријатието извршува и други дејности:

43.2 Електроинсталерски, водоводни и канализациски инсталации и други градежни работи.

43.22 Поставување на инсталации за водовод, канализација, плин и инсталации за греење и клима уреди.

  1. Архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа.

Овие дејности кои не преставуваат дејности од јавен интерес се непосредно поврзани со дејностите од јавен интерес за кои јавното претпријатие е основано. Ниту тогаш кога се направени измените, ниту претходно биле пречка ваквите измени.

Дополнително ЈП Водовод и канализација е влезено во реализација на капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води во рамките на кое се предвидува и производство на биогас.

Апелираме дека производството на еко енергија исклучително влијае на остварување на заштита на животната средина и големи финансиски заштеди во работењето на претпријатието. Огромен тренд е стимулирањето на ваквото производство, освен кога политиката не е во прашање.