Центристите на Макрон израмнeти со крајната десница на Лепен за изборите во ЕУ

Центристичката партија Републиката во движење (LREM) на францускиот претседател Емануел Макрон е израмнета со крајната десница Национален собир (RN), поранешната Национален фрон,т на Марин Лепен за изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај 2019 година, според истражувањето на јавното мнение објавено во четвртокот.

Двете партии, чиишто лидери со соочија на претседателските избори во вториот круг минатата 2017 година, а победи Емануел Макрон благодарејќи на помошта од фронтот од поразените во првиот круг конзервативци и левичари кој по ниедна цена не сакаше да дозволи на власт да дојде Марион Ан Перен „Марин“ Лепен, сега имаат поддршка од 21,5 односно 21 отсто од гласачите, според истражувањето на компанијата Odox-Dentsu Consulting.

Конзервативната Републиканска партија е на третото место со 14 отсто поддршка, по којашто доаѓа крајната левица Непокорна Франција со 12,5 отсто. Социјалистичката партија на претходниот претседател Франсоа Оланд и натаму е целосно разбиена и добива само 4,5 отсто доверба кај избирачите, помалку отколку партијата Европска екологија – Зелени со 5 проценти.

Во истражувањето коешто во мај го направи институтот Ifop, Републиката во движење добиваше 27 отсто од гласовите и беше далеку пред крајната десница Национален собир со 17 отсто и повеќе отколку што освои самиот Емануел Макрон – 24 отсто во првиот круг од француските претседателски избори во април 2017 година.

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон продолжува со надолниот тренд. Така во август падна за шест процентни поени на најниското ниво откако во мај 2017 година ја презема должноста, покажаа резултатите од месечното испитување на јавното мнение на компанијата Harris Interactive. Со 36 отсто позитивно мислење, Макрон губи шест процентни поени во август. Во јули според ова мерење повратил пет процентни поени, по силниот пад од седум поени во јуни. Популарноста на шефот на владата Едуар Филип паднала, пак, за осум процентни поени во август. Неговата популарност паднала на 34 отсто.

Во септември пак, популарноста на Макрон постигна рекодно ниско ниво по оставката на популарниот министер за животна средина Николас Уло и летниот скандал поради неговиот телохранител. Само 23 отсто од испитаниците имале позитивно мислење за претседателот на Републиката, што е пад во однос на 27 отсто од август но во исутувањето на јавното мнение спроведено до YouGov.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.