Церар: Кризата со бегалци може да го загрози постоењето на ЕУ

Словенечкиот премиер Миро Церар денес изјави дека европската криза со бегалци може да го загрози самото постоење на ЕУ доколку не биде пронајдено долгорочно решение

Церар наведе дека целосен договор за тоа како да се реши големиот прилив бегалци веројатно нема да биде постигнат оваа недела, туку за него би биле потребни уште „неколку недели или повеќе“.

Во Словенија, која е членка на ЕУ и на еврозоната, држава со два милиони жители, од минатата недела преку границата со Хрватска влегле околу 3.000 бегалци, а може да се очекуваат уште многу повеќе.

– Доколку не успееме да подолг рок да пронајдеме вистинско решение, кризата со бегалците навистина може да го загрози постоењето на ЕУ. Но јас не сум песимист, јас верувам дека ќе најдеме заедничко решение, изјави словенечкиот премиер.

ЕК и предложи на Словенија да прими 1.126 баратели на азил. Церар истакнува дека Словенија повеќе би сакала доброволни, а не задолжителни квоти, но оти е отворена за преговори и оти може да прифати неколку илјади бегалци.