Цезар: Повеќе ќе сакав да загубиме со 1:0

Репрезентативниот голман на Бразил, Жулио Цезар призна дека ќе бил многу посреќен доколку првиот полуфинален дуел завршел со минимален триумф на Германија и дека ќе бил среќен доколку вината за таквиот пораз била лоцирана во неговата голманска грешка.

“Ова е како во најлош сон, само е уште пострашно, затоа што е реалност. Германија не прегази, а јас сакам да им се извинам на бразилските фанови. Ова е голем срам за нашиот фудбал, но готово е, нема враќање назад. Ако ми верувате, повеќе ќе сакав да загубиме со 1-0, а јас да направев катастрофална грешка за голот”, изјави Цезар.