Чај од банана за добар сон и подобрување на имунитетот

Чајот од банана содржи антиоксиданси кои успешно се борат со слободните радикали и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, а богат е и со витамин Ц.

Чајот од банана е совршен извор на калиум и магнезиум, минерали кои се важни за здравјето на срцето и квалитетен сон. Содржи и витамин Б6, кој го зајакнува имунитетот и позитивно влијае на црвените крвни зрнца, пишува сајтот „healthline.com“.

Истражувањата докажуваат дека поради присуството на калиум, чајот од банана спречува надуеност, а совршената комбинација на магнезиум и калиум помага при несоница. Истражувањата покажуваат дека чајот од банана го регулира и нивото на шеќер во крвта и позитивно влијае на здравјето на срцето.

Чај од банана

Во 500 до 750 мл зовриена вода ставете една излупена и исечкана банана. Намалете ја топлината и оставете да врие пет до 10 минути. Додадете малку цимет и мед. Процедете го чајот и уживајте во неговите благодети.