Чаби Алонсо најпосле се договори со Реал (М)

Репрезентативецот на Шпанија и стандарден првотимец во дресот на Реал (М), Чаби Алонсо најпосле го потпиша новиот договор и се обврза да остане на “Сантијаго Бернабеу” до 2016 година.

Искусниот играч за врска подолг временски период важеше за голема желба на Ливерпул, Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Со потпишувањето на новиот договор Алонсо си осигура годишна заработувачка од 6 мил. евра што е за 2 мил. евра поголема од таа што ја заработуваше пред да ја обнови соработката со најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион.