Чаир има повеќе активни заразени со корона вирусот отколку што Дебар имаше вкупно

Во скопската општина Чаир, моментално, според последните податоци заклучно со петокот, има 54 активни случаи на заразени со корона вирусот, што е повеќе од вкупниот број лица кои со вирусот беа заразени во Дебар, кој до пред извесно време беше во карантин.

Во Дебар беа регистрирани вкупно 51 случај, со денови нема новозаразени и моментално нема активни случаи, односно сите лица се оздравени.

Голем број на активни случаи во моментов има и во неколку други скопски општини, како Сарај, Гази Баба и Аеродром.

Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека неколку градови имаат помалку активни случаи отколку Чаир: Куманово – 448, активни 42, Дебар – 51, активни 0, Штип – 61, активни 26, Прилеп –211, активни 43, Тетово – 191, активни 69, Струга – 79, активни 11, Велес – 129, активни 30, Битола –28, активни 6, Охрид –23, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 32, активни 1, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1, Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.