Принцот Чарлс: Главен виновник за хоророт во Сирија е глобалното затоплување

Во контроверзното интервју принцот од Велс вели дека кумулативниот ефект на глобалното затоплување е еден од главните причини за хоророт во Сирија.

Постојат силни докази дека една од главните причини за овој хорор во Сирија, неверојатно но вистинито, може да биде сушата која траеше пет или шест години, изјави принцот во интервју за „Скај њуз“.

Тој додава дека поради сушата, голем број од луѓето морале да ја напуштат земјата.

Некои од нас, уште пред дваесет години зборуваа дека ако не се позанимаваме со овој проблем, ќе дојде до уште пожешки конфликти поради недоволен број на ресурси, истакна Чарлс, кој на отворањето на самитит на ОН за климатски промени идната недела во Париз ќе одржи говор.

Принцот Чарлс додаде дека „постои реална шанса банката „мајка природа“ да банкротира“ како во 2008 година што банкротираа финансиските гиганти и предупредува дека ќе биде многу тешко да се постигне договор за намалување на емисиите на штетни гасови.

Дали навистина треба да се соочиме со катастрофа и хаос за да сфатиме дека треба да преземеме конкретни мерки?, постави прашање 67-годишниот наследник на британската круна и остар заговорник за заштита на животната средина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.