Чаша вода ги решава последиците предизвикани од многу пиење кафе

За да се заштитите од негативните ефекти од кафето, потребно е да испиете чаша вода и ќе успеете да се ослободите од последиците. Ако испиете чаша вода после пиење кафе, во организмот ќе ја вратите течноста што ја губите по консумирањето на овој напиток, бидејќи тоа е силен диуретик кој може да доведе до поголеми последици.
Се разбира, една чаша вода не треба да биде мерило за тоа колку вода ќе пиете дневно, туку треба да ја внесете зависно од тоа колку пиете во текот на денот, па ако пиете два литра вода, тогаш испијте две чаши после кафето.
Кафето содржи растителни бои, т.е. може да ја промени бојата на вашите заби, особено ако често го пиете. Така, ако ја исплакнете устата со вода после пиење кафе, во исто време ќе бидете хидрирани и ќе ја зачувате и забната глеѓ, која инаку може да го промени изгледот на вашата насмевка. Исто така, не ги мијте забите после кафе, тоа не е безбедно.
Драстичното зголемување на крвниот притисок предизвикано од кофеинот може да биде непријатно особено за оние лица кои страдаат од хипертензија. Затоа, консумирајте вода со кафе,бидејќи помага да се спречи ненадеен скок на притисокот.