Чашуле: Турција нема добиено толку корпи од ЕУ за две декади, како што Заев добил за две години

„После целата штета што ни ја направи Заев во изминативе години после продажбата на се што ни е мило во наша Македонија, тој повторно останува со празни раце. И немојте да мислите дека можеби се чувствува така разочарано заради нас или заради Македонија, повеќе мислам дека е разочаран од што неговиот катастрофален план не успеа“, истакна Коле Чашуле вчера во својата емисија „Седмица“ на Алфа телевизија.

Чашуле додаде дека штетата по Македонија и македонскиот народ е голема. По се што даде Заев без да го праша народот, Македонија доби уште едно вето.

„Мислам дека за две години добивме дури четири вета. Ако ништо друго и со тоа мислам дека можеме да се фалиме дека сме лидери во светот како по црната корона статистика. Мислам дека дури ни Турција која речиси две – три декади преговара со ЕУ и никако да стане членка нема добиено толку корпи од Европа колку што ние сме добиле“, нагласи Чашуле.

Чашуле посочи дека министерката за надворешни во Бугарија, Захариева го убедува македонскиот народ дека тоа не било вето. Туку само Бугарија не дозволила да започне Меѓувладината конференција додека не се испочитува нивното барање за спроведување на договорот за добрососедство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.