Часовникот на Пол Њумен продаден за рекордни 18 милиони долари

Рачниот часовникот од престижниот бренд „Rolex“ која му припаѓал на славниот холивудски актер Пол Њумен продаден е на наддавање во Њујорк за рекордни 18 милиони американски долари.

Часовникот е подарок од неговата сопруга Џоан Вудфорд во времето кога во 1969 година задно го снимале филмот „Winning“. Вудфорд на часовникот вгравирала „Вози внимателно, Јас“.

Уште еден часовник сопругата му подарила во 1984 година, а часовникот „Daytona Rolex“ Њумен му го подарил на тогашното момче на својата ќерка, Џејмс Кокс, кој неодамна подарокот решил да го понуди на наддавање,.

Часовникот од нерѓосувачки челик е продаден на купувач кој сакал да остане анонимен, кој наддавал телефонски, за 17,8 милиони долари. Тоа е многу повеќе отколку очекуваните само милион долари, на колку што беше проценет часовникот пред аукцијата.

Станува збор за рекордна цена постигната за рачен часовник продаден на наддавање, а вториот рекорд му припаѓа на џебниот часовник од марката „Patek Philippe“, кој во 2014 година беше продаден за 24 илиони американски долари.

Во филмот „Winning“, Пол Њуман толкуваше лик на возач на тркачки автомобили, ролја којашто потоа го поттикна неговиот интерес за автомобилизмот. Познато е дека актерот беше љубител на брзите автомобили и на трките.

Блиските и познавачите велат дека би имал исто така добра кариера и доколку се одлучил за автомобилизмот, бидејќи бил подобар возач од повеќето професионалци кои се натпреварувале на најпрестижните трки.

Во 1979 година Њумен го освои првото место во првата класа на легендарната трка 24 часа Ле Ман. Вториот најголем успех во овој спорт му е победата на трката 24 часа Дејтона во 1990 година. Интересно е тоа што за време на трката во Ле Ман имаше 54 години, а во Дејтона дури 70 години.

Пол Њумен почина во 2008 година, на 83-годишна возраст.