Чаура од артилериска граната пронајдена во Арачиново

На 21.05.2022 околу 10:00 часот во Полициското одделение Арачиново, М.Ш од с.Арачиново  пријавил дека при ископ во неговиот двор пронашол чаура од артилериска граната.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, додека службеници од Дирекција за заштита и спасување ја подигнале чаурата.