Чаушеску, Дракула и Исус заедно во романски музеј на кичот

(Vadim Ghirda/Associated Press)

Незамисливо е дека меѓу нив може да се изведе некој „заеднички именител“, меѓутоа поранешниот романски диктатор Николае Чаушески, грофот Влад Трети познат и како Влад Цепеш а најпознат како грофот Дракула, и Исус Христос, се најдоа на едно место во романскиот музеј на кичот кој е отворен во Букурешт.

Прв во оваа низа е домашниот вампир кој ги дочекува гостите, всушност китнеста верзија на ликот кој го создаде во XIX век Брам Строкер во својата новела.

„Дракула е најпознатиот романски бренд, но и врв на романскиот кич, имајќи предвид дека неговиот лик го користат на многу хаотичен и несистематски начин“, вели во репортажата на AFP Кристијан Лица, сопственик на музејот, кој додава дека „како и целата негова генерација, израснал со комунистичкиот кич“ во времето на Чаушеску.

Во музејот е изложена и познатата фотографија на споменатиот романски комунистички водач кој гордо го држи жезлото при свеченото преземање на претседателската должност во 1974 година.

Вкупното 215 експонати се поделени во шест групи, меѓу кои е „Религија“ во којашто Исус Христус не е заборавен, како и групата „Направи свој сопствен кич“.

Дел од музејот е посветен на „ромскиот кич“ присутен во големи количества, меѓу кои се фотографии на истакнати поединци богато накитени со круни и златен накит.

Благодарејќи на овие различни влијание, романскиот кич е драгоцено наследство кое треба да се сочува, истакнува сопственик на музејот, кој работи секојдневно.