Чаушевска: Ветуваме реални проекти кои ќе ги реализираме- Градско го заслужува најдоброто

291

Да се добие можноста по втор пат да се биде кандидиран за градоначалник е огромна чест и одговорност. За тоа сега, по 4 години, после тие проекти кои се видиливи за сите, без колебање ви велам, ни треба уште еден мандат за довршување на започнатото. Градско го заслужува најдоброто, истакна Жанета Чаушевска, кандидат за градоначалник на општина Градско од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветувам работа која носи подобро. Имаме програма која нуди реални проекти произлезени од барањата на граѓаните. Не ветуваме бајки и приказни, ветуваме реални проекти. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени заеднички да продолжиме каде што застанавме. Одиме понатаму со големи чекори, сплотени како никогаш до сега, рече Чаушевска.

Санација на мост на реката Вардар кај селото Уланци, изградба на пречистителни станици за водоснабдување во општина Градско, реконструкција и проширување на локални патишта, асфалтирање на улици, изградба на канализација и изградба на нова индустриска зона, изградба на тротоари и паркинзи, изградба на нова зона за домување, се само дел од проектите во програмата на Чаушевска, која вети дека доколку граѓаните ѝ ја дадат довербата, ќе бидат реализирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.