Чаушоглу: Нема договор со ЕУ без укинување на визите

Турција ќе мора да го суспендира Договорот со ЕУ за сопирање на приливот на мигранти во Европа, ако нема договор за визната либерализација за турските државјани, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чаушоглу.

Тој во интервју за турската телевизија Хабер вели дека германската влада мора јасно да покаже дека нивниот став не е во согласност со резолуцијата на Бундестагот со кој што турскиот масакр над Ерменците од 1915-тата година е прогласен за геноцид, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Говорејќи за борбата против џихадистите на Исламска Држава, Чаушоглу најави дека Турција силно ќе ја поддржи евентуалната операција за заземање на ирачкиот град Мосул што е во рацете на ИД.

Што се однесува на односите со Израел, Турција според неговите зборови е на „состанок или два оддалечена од нормализацијата на односите со Тел Авив но Израел треба да ги отстрани пречките за помош на Палестина и Газа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.