Чави: Поразот од Баерн е чекор назад, но Барселона одигра добар натпревар

Тренерот на Барселона, Чави, за поразот од Баерн (0:2) синоќа во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, рече дека е чекор назад на патот кон осминафиналето.

– Создадовме шест или седум одлични шанси за гол, но не ги искористивме, а Баерн не ја пропушти својата шанса. Одигравме натпреварувачки, одигравме многу добро, а да постигневме гол, натпреварот ќе беше сосема поинаков. Сепак, ова е Лигата на шампионите, треба да се обидеме да избегнеме такви грешки при корнери. Поразот е чекор назад, но сепак сме во добра позиција на табелата. Дојдовме овде со намера да победиме. Треба да учиме од сопствените грешки. Мислам дека генерално имавме добар натпревар. Доволно добар за победа, а не за реми, изјави Чави.

Баерн е на врвот во групата Ц со 6 бодови, а Барселона е втора со 3 бода колку што има и Интер на третото место. Последна е Викторија Плзeњ без освоен бод. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.