Чави: Прекрасно е пак да се биде на „Камп Ноу“

45

Со победа над градскиот ривал Еспањол како нов тренер на Барселона дебитираше синоќа Чави Ернандез, една од најголемите играчки легенди на каталонскиот клуб во последните неколку децении.

Барселона победи со 1-0 во рамки на 13 коло во Ла Лига и со ефект од пет победи, пет нерешени и три порази сега е шестопласирана на табелата.

– Беше важно да победиме и сосема заслужено ги освоиме трите бодови. Но, имаше многу работи, кои мораме да го поправиме во иднина. Пред нас е голема и тешка работа, изјави 41-годишниот Чави, кој го носеше дресот на Барселона од 1998 до 2015 година.

– Прекрасно беше повторно да се излезе на „Камп Ноу“. Се вратив тука по шест години и атмосферата беше прекрасна. Можеби малку поинаква од времето кога играв, но, сепак, беше повторно фантастична, порача Чави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.