Чавков, Јовановски, Дурловски остануваат во притвор

Апелациониот суд донесе 11 одлуки со коишто ги одби жалбите за притворите на осомничените за нередите во Собранието што се случија на 27 април.

Одлуката да останат во притвор важи за Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година“, соопштија од Апелациониот суд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.